Балканленд

Клавијатуристот Владо Подани сними албум „Црно-бијело дугме“ со хитовите на Бреговиќ

Познатиот композитор и пијанист Владо Подани неодамна го објави албумот „Црно-бијело дугме“. Станува збор за клавирски аранжмани на некои од најпознатите песни на „Бијело дугме“.

Албумот вклучува обработки на песните на Горан Бреговиќ: “Ima neka tajna veza”, “Ipak poželim neko pismo”, “Sanjao sam noćas da te nemam”, “Pristao sam biću sve što hoće”, “Lažeš zlato”, “Ružica si bila”, “Uspavanka za Radmilu M.”, “Đurđevdan”, “Da te bogdo ne volim” и “Šta bi dao da si na mom mjestu”.

Во текот на својата повеќедецениска кариера, Подани соработуваше со бројни музичари од југословенската сцена, меѓу кои и членовите на „Бијело Дугме“, а, иако неговата подоцнежна работа е повеќе насочена кон уметничката музика, со овој албум се враќа на почетоците на својата професионална кариера – на рокенролот.

Подани, кој на јавноста и е познат и како клавијатуриста на „Дивље јагоде“, од времето на албумот „Коњи“, за актуелниот албум вели:

„Името на албумот веднаш објаснува и кажува што се свири и на што се свири. По 38 години професионална кариера, решив да се вратам на почетокот на мојата приказна и на моето растење со музиката на „Бијело Дугме“, со која израсна генерацијата од осумдесеттите, вклучително и јас. Бев предодреден да посветам дел од мојата работа и кариера на нешто што ме обликуваше, што ми ја даде мојата прва иницијација во рокенролот, на кој тогаш му се радуваше цела Југославија. Веќе по албумот „Гранд пијано“ имаше иницијација дека тоа ќе се случи. Во изборот имаше голем број нумери, а јас се одлучив за овие 10, кои некако го претставуваат епохалното дело на „Дагмет“. Презадоволен сум од албумот, а реакциите низ бивша Југославија се одлични. Имам чувство дека сум „удрил во емотивната жичка“ на луѓето и ми се чини дека преку овие композиции успеав да им ја вратам на луѓето таа многу потребна емоција. Важно ми е само луѓето да уживаат во тоа и да им донесам малку среќа“.

Можеби ќе ве интересира: