Денес тој е еден од најпознатите млади поп пејачи на балканската музичка сцена, а до неодамна беше и дел од првата сезона на тв шоуто “Пинк Ѕвездички”. Од сликата што ја гледате, не веруваме дека можете да претпоставите за кој пејач станува збор. Започна во Гранд продукција, од која излезе со низа проблеми. Беше евровизиски претставник на соседна Србија со и денес популарната песна “Балкан”.
Сигурно погодувате, станува збор за Милан Станковиќ кој неодамна своите фанови ги изненади и израдува со три нови песни, односно, три видео спота, во кој во едниот се појавува кога бил мало дете кое рецитира песна на некоја училишна приредба. Во продолжение, погледнете го спотот за песната “Фактор ризика” во кој Милан емотивно пее за изгубаната љубов, дали тука мисли на Рада Манојловиќ која се појавува во спотот, незнаме, но претпоставуваме дека тоа е тоа. Уживајте!
https://youtu.be/LBXvodFcUWk
Подготви: Елена Крагуевска