Балканленд

Конечно промовиран дуетот на Емина Јаховиќ и Ацо Пејовиќ (Видео)

Денеска конечно светлоto на денот го здогледа дуетот на Аце Пејовиќ и Емина Јаховиќ кој публиката нетрпеливо го чекаше. Токму на денот на жената, на публиката и ја подарија песната „Рано је“, која веќе во најава предизвика лавини од позитивни коментари. Целата приказна е придружена со високобуџетен спот кој со денови се снимаше на неколку луксузни локации, а публиката се согласува дека спотот е направен како вистинска бајка.

Оваа песна одамна требаше да го види светлото на денот, но новопазарската пејачка ја одложи својата премиера бидејќи, како што еднаш откри Пејовиќ, нејзината натална карта не и била поволна, а во која верува Емина. Потоа песната требаше да биде претставена на публиката на 14 февруари, но поради разорниот земјотрес во Турција каде Емина живее со години, пејачите ја одложија премиерата за денеска.

Емина е автор на музиката и текстот. Нашиот Дарко Димитров исто така работеше на музиката а тој заедно со Иле Спасов е автор и на аранжманот.

Можеби ќе ве интересира: