Балканленд

Конечно: Откриена вистината за љубовницата на Шабан Шаулиќ

Пејачот Шабан Шаулиќ по повеќемесечните шпекулации за наводните неверства и поврзувањето со младата пејачка Ивона Неговановиќ Цуца, одлучи да реагира.

“Во текот на изминатите месеци моето семејство и јас бевме жртви на незапаметен медиумски линч во кој против нас од разни страни беа изнесувани гнасни невистини кои го загрозуваа нашето здравје, безбедност, семејната хармонија, а мене лично достоинството, честа и угледот кој со години, без никаква дамка го градев. Спротивно на нашите надевања, а против границите на вистината, правдата и добриот вкус оваа хајка не престанува ни по повеќе од пола година. Напротив, од ден на ден напорите на медиумите во спрега со личности кои не заслужуваат да бидат споменати ги загрозуваат нашите семејни односи, духовниот мир и физичкото здравје, а во крајна линија и нашата егзистенција”, порача пејачот.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: