Балканленд

Лепа Брена и Мадона се сосетки во Монте Карло

Пејачката Лепа Брена, која со години поседува стан во Монте Карло, има сосед кој е светски познат, ни помалку ни повеќе туку кралицата на поп-музиката Мадона. Имено, нивните луксузни станови се толку блиски, што нивните тераси „се гледаат еднa со другa“.

Српската фолкерка и американската супер ѕвезда немаат стан во иста зграда, но нивните тераси се спроти едни на други, па гледаат низ прозорецот еден кон друг.

“Брена и Боба со години поседуваат имот во Монте Карло, каде се наоѓаат во моментов. Кога избувна пандемијата, тие скоро се преселија таму затоа што нивните денови беа поубави и поисполнети. Тие познаваат многу луѓе и се чувствуваат како вистински домаќини. Многу познати имиња од светот на бизнисот купиле недвижен имот во Монте Карло, а Мадона е меѓу последните. Купи стан до зградата каде што е Брена. Нивните станови се дури со иста големина и имаат ист распоред” – открива извор близок до Брена.

Брена и сопругот го реновираа станот во Монте Карло во 2016 година, за што одвоија околу 50.000 евра. Станот се простира на 150 квадратни метри и има голема дневна соба, две кујни, голема тераса, спална соба и три соби за гости.

Додека не купи стан во Монте Карло, Мадона редовно одеше таму на одмор, па дури и во интервјуа велеше дека тоа е нејзиното омилено место за одмор и забава. Пред шест години, Лепа Брена имала можност да ја сретне таму.

“Ја сретнав Мадона во Монте Карло во лифтот и видов мала жена која ми личеше на неа. Беше со обезбедување, имаше очила, жената одеше на џогирање. Јас велам „погледни ја оваа жена, иста е како Мадона“ и на крајот сфатив дека e таа” – изјави Брена.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: