Балканленд

Лепа Брена спасот од сиромаштијата го пронаоѓа во музиката

Фолк-ѕвездата Лепа Брена, родена како Фахрета Јахиќ се појавила на музичката сцена на почетокот на осумдесетите години од минатиот век, како заменска пејачка во „Слатки грех“, а набрзо станала популарна во цела Југославија.

На самиот почеток од кариерата, таа во едно интервју признала дека станала пејачка поради сиромаштијата, со која нејзиното семејство живеело.

Имено, Фахрета открила дека пред да стане популарна, живеела во скромни услови, во работничко семејство, со мајката Ифета, таткото Абид, сестрата Фара, братот Фарук. Како самата вели, спас од сиромаштијата и скромниот живот го видела во музиката.

„Пораснав во едно патријархално муслиманско семејство. Ние бевме петточлено семејство, кое живеело од една работничка плата, мојот татко работеше како медицински техничар, додека мајка ми беше домаќинка. Со една таква плата многу тешко се опстојува, а сите тројца се образувавме. Ние не сакавме да бидеме некој и нешто, туку да завршиме училиште и да им помогнеме на родителите. Ние со таква плата не можевме да си ги исполнуваме желбите, можевме само да живееме. Се снаоѓавме“, рекла Брена во едно интервју во 1982 година.

Можеби ќе ве интересира: