Како што пишуваат српските медиуми, познатата српска фолк пејачка Лепа Лукиќ која летово се одморала на плажите во Куба, поради алегрија морала одморот да го прекине. Како што вели самата, алергијата ја добила додека се сончала, се пожалила на чешање по што го прекинала одморот и заминала во Канада каде посетила доктор кој и дал соодветна терапија.
“Добив алергија на сонцето и ме чешаше целото тело. Се лечев додека бев преку океанот, но сега ми помина. Залудно е уживањето кога ми се случи малер што ми го уништи одморот. Штом стигнав во Канада веднаш се обратив кај својот доктор и тој ми даде терапија”, изјави Лукиќ.
Подготви: Редакција Музика24