Балканленд

Лепа Лукиќ: Не ја поднесувам осаменоста

Пејачката Лепа Лукиќ отсекогаш била омилена меѓу публиката од сите генерации, но не само поради нејзините песни туку и поради нејзината неверојатна смисла за хумор. На нејзината енергија и шарм можат да и позавидат многу помлади колеги, а таа откри во што е тајната.

“Не се трудев да одржам младешки дух, нема рецепт за тоа. Не спијам многу, зуам, одам и сега дури барам друштво, не сакам да бидам сама, само не ја поднесувам осаменоста. Сакам кога сум во друштво. Одам да се дружам со млади, што да правам дома во четири ѕида, немам деца ни внуци да се наведнувам околу нив, имам само мачка во куќата”, истакна пејачката за „Гранд онлајн“ портал.

Во нејзината желба да трае и да шири позитивни вибрации, таа секако и успева, а не е ни чудно што ја гледаме во емисии и меѓу помладата популација на колеги кои и се исклучително пријатни.

“Сакам да издржам, сакам само предизвици. Не го правам тоа што го прават старлетите таму, мене ме зимаат само поради гледаност. Ме земаат како име, па зошто да не одам кога секаде ме викаат”, рече Лепа.

Да потсетиме, Лепа Лукиќ наполни 82 години пред само две недели, а многумина и завидуваат на ведриот дух кој го има и денес. Таа не крие дека била таква како девојка, па не е чудно што била миленичка на посилниот пол.

Можеби ќе ве интересира: