Балканленд

MAC2020 – Сергеј Четковиќ, Парни Ваљак, Оливер Мандиќ… дел од наградените (Фото)

Наградувањата продолжуваат и понатаму на MAC2020. Наградата за поп колаборација или соработка помеѓу двајца пејачи и музичари ја добија Сергеј Четковиќ и Hauser за песната “Никад очи не старе”. Награда пак за поп-рок песна помеѓу конкуренција од Сарс, Ван Гог, Ана Станиќ, Антонио Перина ја добија Парни Ваљак за песната “Одкуд ти право”. Награда за најголемо влијание на Балканот и регионот добија Буба и Јала Брат, познатите балкански рапери. Награда за животно дело на МАС2020 ја доби Оливер Мандиќ, еден од најдобрите музичари во поранешна Југославија, а зошто не и денес.

Инаку за време на овогодинешното издание на МАС 2020 на сцената досега свои песни изведоа Оливер Мандиќ, Невена Божовиќ, Магла Бенд, Нина Бадриќ, Сенида, Лепа Брена со својот совршен настап… а се очекуваат уште голем број музички имиња да се појават на гламурозната музичка сцена вечерва на второто издание на музичкиот спектакл МАС2020.

Можеби ќе ве интересира: