Изборната химна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија” е насловена “Избери дела”, што е дел од изборниот слоган на ВМРО-ДПМНЕ, “Одбери дела, Македонија се сака со дела”. Премиерот Никола Груевски вчера изјави дека овој слоган е избран бидејќи создаваат дела, работат и се грижат. Груевски потенцираше дека тоа ги разликува од нивните политички конкуренти. Изборната химна на ВМРО-ДПМНЕ ја изведуваат познати македонски пејачи, меѓу кои Каролина Гочева, Наум Петрески, Елена Ристеска, Миле Кузмановски, Калиопи, Тијана Дапчевиќ и Владо Јаневски. Слушнете како звучи изборната химна на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата “За подобра Македонија”.
Претходна објава
Следна објава