Балканленд

Марија Шерифовиќ отворено признава: Баба ми се молеше на Исус, а дедо ми беше муслиман – мразам поделби

Во најавата на емисијата „Пусти бриго“, која се емитува на телевизија Курир, Марија Шерифовиќ проговори за националноста и религијата, велејќи дека „презира секаква поделеност“. На социјалните мрежи беше споделен клип во кој зборува за поделби по националност и религија.

„Пред сѐ, презирам секакви поделби“, вели Марија во најавниот клип на емисијата објавена на ТикТок. Таа потоа додаде дека ги презира сите поделби „на нации, религии, верувања“.

“Зошто? Па, затоа што, на пример, баба ми се викаше Драгиња, родена во Шумадија – во Крагуевац. Таа му се молеше на Исус Христос, а дедо ми беше муслиман и тој се поклонуваше, му се молеше на Алах. И така натаму”, рече таа.

Таа објасни како е воспитана воопшто да не ги дели луѓето, велејќи: „Можам само да делам – или си добар или си ѓубре“.

Можеби ќе ве интересира: