Балканленд

Марио Арангеловски дел од бугарското тв шоу “X Factor” (Видео)

Македонската публика на неколку наврати досега имаше прилика да го запознае и да ги види и слушне сите негови музички способности и сето она што тој знае и умее да го направи на сцената. Младиот кумановчанец Марио Арангеловски кој досега се натпреваруваше на неколку македонски и српски тв шоуа, од неодамна имаме привилегија да го гледаме како се натправарува и во бугарското тв шоу “X Factor”. Тој уште еднаш докажа дека сепак ние македонците и покрај се сме музикални и знаеме што и како сакаме и секако упорни сме во сето тоа.

Во петата сезона од ова најгледано музичко тв шоу во соседна Бугарија, членови во жирито се познатиот Криско, музичарите Љубо Киров и Велизар Соколов – Заки, како и продуцентката и директорка на “Вирџинија рекордс”, Станислава Армутлиева. Секој од нив имаше само пофални зборови за нашиот македонец кој пак на големата сцена се претстави го светскиот хит “Here without you” од “3 Doors Down”. Сите останаа вчудоневидени и секако освен позитивните критики му посакаа и многу успех, при тоа сместувајќи го во листата на фаворитите во ова тв шоу. За тоа како нашиот Марио ќе помине во следните кругови, дали успешно ќе помине и што се ќе го очекува, ќе ве информираме во следните текстови посветени на ова големо музичко тв шоу кое се емитува во Бугарија и секако нашиот претставник Марио, а до тогаш, погледнете како тој помина на првиот негов настап во “X Factor”.

Подготви: Викторија Трајковска

Можеби ќе ве интересира: