Балканленд

Милица Павловиќ: Сакам да фантазирам!

Пејачката која за кратко време ја освои публиката со својот изглед, танцување и гласот… Младата ѕвезда на “Гранд” од Лесковац, Република Србија публиката ја освои со енергичните настапи на натпреварот на “Ѕвезда на Гранд” каде од самиот почеток се издвои. Поради обврските кои ги има, таа била приморана да се пресели во Белград, но мака мачи со брзото темпо кое владее во српската престолнина.

“Веќе сум трета година во Белград, тешко ми е да се навикнам да имам повеќе од две обврски во текот на денот кои не можам да ги завршам. Започнав да ги запишувам обврските во нотес и се трудам да бидам организирана, но тешко ми оди. Белград е голем град, брз, но и ладен град”, вели Павловиќ. Таа вели дека со тоа што успеала да стигне до финалето на “Ѕвезда на Гранд” ја оставила најголемата желба од детството, професионално да се занимава со музика.

“Добро лажам, принцот сеуште го нема, вештерката денес поубаво се облекла. Сакам да фантазирам, често си режирам филмови во глава, често одам на убаво патување во зима. Сега се молам за здравје на семејството, а се останато ќе си дојде. Не си ветувам себе си ништо, научив дека без работа нема да имам ништо, па затоа се трудам и го давам својот максимум. Единствено кое го посакувам е да останам нормална во ова лудо време”, изјавила Милица за еден српски медиум.

Можеби ќе ве интересира: