Балканленд

Милица Тодорoвиќ ја промовираше баладата „Прочи чеш ме ти“ (Видео)

Српската поп-фолк пејачка Милица Тодоровиќ денеска ја промовираше својата најнова песна. Се работи за баладата „Прочи чеш ме ти“, за која музиката ја напиша Саша Николиќ, а текстот Милан Милетиќ.

„Одлучив да ја објавам баладата затоа што оваа песна многу ми се допадна при првото слушање. Иако е време за брзи песни, сакав ова да биде песна за мојата душа. Едноставно видео, силни зборови и емоции, така би го опишалa овој проект“, вели Милица.

Она што дополнително привлекува внимание е танцовиот перформанс на Милица, современ балет, и се разбира нејзиниот голем талент за глума.

Можеби ќе ве интересира: