Балканленд

Прв глас на Беосонг: Мирна, Сара и Невена заминуваат за Малме

Групата “Моје три” ќе ја претставува Србија на Евровизија во Малме. Вчера вечер Србија го избра својот претставник на Евросонг 2013. Гледачите со смс пораки одлучија тоа да биде песната “Љубав је свуда” која ја изведуваат Мирна, Сара и Невена, односно група “Моје три”. Победничката композиција е дело на Саше Милошевиќ Марета, а текстот на Марина Туцаковиќ. “Моје три” ќе настапат во првата полуфинална вечер во Малме. Од организаторот Радио телевизија Србија тие добија трофеј и парична награда од 5.000 евра. На второ место според гласовите на публиката е ѕвездата на Гранд продукција Душан Свилар, со песната “Спас”, на трето Сашка Јанковиќ и нејзината песна “Друга у твоим очима”, четвртата позиција ја зазема Марија Махајловиќ со песната “Хало”, додека пак на пето место се најде групата “Sky’s” со песната “Магија”. За победничките пристигнале вкупно 25.959 гласови. Инаку оваа група е составена од реалното тв шоу “Први глас Србије” која се емитуваше на телевизија Прва. Им посакуваме среќа!

Можеби ќе ве интересира: