Балканленд

Мирза Селимовиќ и Илма Карахмет снимија дует кој ги топи и најтврдите срца (Видео)

Младите надежи на босанската музика, Илма Карахмет и Мирза Селимовиќ снимија дует под насловот „Мора да је љубав“.

“Сакам да пеам песни што предизвикуваат емоции кај луѓето, оваа песна ми предизвика многу чувства кога ја слушав за прв пат. Соработката со Илма беше прекрасна, и драго ми е што имам дует со толку млада и одлична пејачка во мојата кариера”, вели Мирза.

Тие двајца се познаваат со години, но соработката дојде случајно.

“Оваа соработка се случи спонтано и со тоа соработката со мојот колега Мирза резултираше со совршена песна. Ова е дует кој со себе носи прекрасна приказна, каде што, верувам, многумина ќе се пронајдат”, изјави Илма.

Мирза досега имаше неколку успешни соработки, дуети со Милица Тодоровиќ и Ивана Селаков. А на Илма ова и е овој втор дует и таа очигледно ја бараше вистинската личност со која ќе ја испее совршената песна.

 

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....