Балканленд

Мостарскиот музичар Иво Јуриќ напиша рок посвета за сите необични парови (Видео)

Иво Јуриќ напиша рокенрол посвета за сите оние парови кои без разлика на некои необичности целосно функционираат. Рок музиката отсекогаш била дел од животот на Иво Јуриќ, па можеме да го видиме на концертите на неговите сопствени идоли, како Брус Спрингстин или Ганс енд Роузес.

Овој мостарски музичар и кантавтор има бројни настапи пред публика со префинет музички вкус и може да каже дека во главата има неколку стотици песни кои може да ги пее и свири. Во меѓувреме реши посериозно да се посвети на сопствените песни и кариера и соработува со најголемата дискографска куќа во регионот Кроација рекордс. Досега ги има издадено сингловите „Mozak jedne djevoje“ и „Blizu“ со кои настапи на Сплитскиот фестивал. Ја откри својата нежна страна, но и оваа пожестоката. Тој реши да напише рокенрол посвета за сите оние парови кои, без разлика на некои необичности, целосно функционираат.

Песната „Необичан пар“ доаѓа по неговиот настап на Сплитскиот фестивал. За оваа прилика собра големи музичари, а на гитара му свиреа Јосип Јоцо Вукоја, бас гитара Марко Јаковљевиќ, тапани Дарио Раос, клавијатури Иван Зовко и саксофон Иван Сушац. Покрај тоа што е автор на музиката и текстот, Иво свиреше и на гитара, а на аранжманот и продукцијата работеше неговиот пријател и постојан соработник Јосип Вукоја. Снимен е и видео запис за песната „Необичан пар“ во продукција на Марија Беље.
Иво Јуриќ прави големи чекори напред и прашање на време е кога неговите ѕвезди целосно ќе заблескаат. „Необичниот пар“ секако е ветар во грб.

Можеби ќе ве интересира: