За времетраење на концертот на Дино Мерлин со кој и всушност заврши овогодинешното издание на “Пивофест”, на неколку наврати пејачот едноставно беше “нападнат” од своите фанови во Македонија. Пред екипата на Музика24 едно младо момче, веројатно малку поднапиено, но истовремено и голем фан на Мерлин се качи на сцената со една единствена цел да направи селфи фотографија. И верувале или не, во тоа и успеа, по што веднаш среќно си замина од местото каде што стоеше, место кое што инаку беше резервирано за новинарите, но поради непознати причини и тој се најде таму. Мерлин само се насмеа на овој потег, иако можеби изнанадувачки, сето тоа го прифати како нешто мило и драго кому секому може да му се случи на сцената.
Дали обезбедувањето кое за момент беше строго кон медиумите потфрли или пак нешто друго беше во прашање незнаеме, но како и да е, она што вчеравечер се случи на овој голем музички и медиумски настан не требаше да се дозволи, бидејќи по примерот на ова младо момче, уште двајца од нив се качија на сцената и се обидоа да се поздрават и да го гушнат пејачот што е навистина прекрасно како потег, но страшно како помисла дека Дино Мерлин, големата ѕвезда на “Пивофест” не беше доволно заштитен. Дури едно од момчињата со право од страна на обезбедувањето беше превземано и отстрането. Но како и да е, концертот помина со одлична атмосфера и онака како што секој посакуваше тоа да се случи. Секоја чест за организацијата на истиот.
Подготви: Александра Блажевска