Балканленд

На Croatia Records и е доделена Повелбата на Република Хрватска (Фото)

Најголемата дискографска куќа во регионот – Croatia Records од Загреб доби уште едно големо признание по повод 75-годишниот јубилеј. Претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, му ја врачи Повелбата на Република Хрватска на директорот на Croatia Records, Желимир Бабогредац, за неговиот придонес во унапредувањето на музичката индустрија во Република Хрватска.

„Секоја работа, секоја човечка активност, ако е хумана и легална, има свое значење, своја мисија и цел“, изјави претседателот Милановиќ и честитајќи им на наградените за постигнувањата, рече дека многу од нив се уште се доволно млади. активни и полни со амбиции за нови достигнувања. Она што сега го наградуваме може да произлезе само од амбиција, лична човечка амбиција, од која, на крајот на краиштата, почнува сè“, заклучи претседателот.

Директорот на Croatia Records, Желимир Бабогредац заедно со ексклузивецот Жељко Бебек

Директорот на Croatia Records, Желимир Бабогредац во оваа прилика изјави:

„Ова е голем и значаен ден за сите наши вработени кои ги изградија Југотон и Croatia Records. Овој убав гест и признание по повод нашата седумдесет и петта годишнина не обврзува на понатамошна посветена работа, која особено се однесува на помладите генерации кои допрва доаѓаат. Одржувањето на темпото и високите деловни вредности поставени од претходниците не е воопшто лесна задача. Croatia Records успеа да ја задржи широчината на комплетниот каталог, од детски изданија, преку поп и рок до класика. Денес објавува околу 200 албуми и компилации годишно. Бројните изданија припаѓаат на самиот врв на најпродаваните домашни албуми и се резултат на креативното управување на компанијата и слушањето на пазарот, а богатата архива со над 90.000 фонограми е зачувана на новите медиуми за во иднина“, кажа Директорот на Croatia Records, Желимир Бабогредац.

Да потсетиме – меѓу ексклузивците на Croatia Records е и македонскит музички амбасадор Влатко Стефановски, а дел од каталогот на најголемиот македонски состав на сите времиња – „Леб и сол“ всушност е важен сегмент од богатиот опус на некогашниот Југотон.

Во чест на 35 години од издавањето на култниот албум „Као какао“ на Леб и сол, Croatia Records годинава објави луксузно винилно реиздание, кое е меѓу најпродаваните во целиот регион за 2023-та година.

Фото: Кабинет на претседателот на Република Хрватска / Ана Марија Катиќ, Дарио Андришек

Можеби ќе ве интересира: