Балканленд

Очекувано, најдоброто за крај на “Пивофест” – Fly Project и единствените Парни Ваљак (Видео)

На радост на сите генерации, јаготката на шлагот ќе ја стават светски познатите Fly Project и балканските мега популарни и на далеку посакувани Парни Ваљак – група со чии песни растеле повозрасните, а на нивни песни денес слават и плачат и помладите.

На радост на сите веруваме дека со овации и песни ќе го проследиме нивниот настап, како во еден глас ќе се пеат нивните вечни хитови: “Све још мирише на њу”, “Моја је песма лагана”, “Јесен у мени”, “Ухвати ритам”, “Године пролазе”… а се надеваме и дека Аки Ракимовски, фронтменот на групата кој патем има македонско потекло, ќе ја почести македонската публика со позната македонска песна.

Parni ValjakИ секако, Прилепе и почитувани организатори, уште сега од наше име – секоја чест за прекрасните Fly Project. “Musicana”, “Toca, toca”, “Like a star”… знаеме дека ќе ечи Прилеп и цела Македонија. Горди сме на Вас!

Fly ProjectКолку само за потсетување и планирање на Вашите подготовки за одличен провод во градот под Марковите кули, “Пивофест” започнува од 14-ти јули и ќе трае четири дена, односно, до 17-ти јули кога официјално завршува овогодинешното четиринаесето издание.

Во продолжение, Ве оставаме да уживате во еден од нивните најголеми хитови…

ПС: Специјализираниот македонски музички портал Музика24 како и досега, така и оваа година е медиумски покровител на “Пивофест” и на нашиот музички портал за целовреме траење на истиот ќе можете да прочитате нови и штотуку објавени информации од страна на организаторите и за се она што се случува пред и позади сцената, за време на пресовите, тонските проби… и се она што е поврзано со целата овогодишна манифестација.

Текстот го подготви: С.С

Можеби ќе ве интересира: