Балканленд

Наташа Беквалац ја промовираше најинтимната песна во нејзината кариера

Поп-пејачката Наташа Беквалац често истакнува дека нејзиниот живот е полн со тајни кои вешто ги крие, а сега одлучила и јавно да ги сподели. Имено, таа ја објави својата долго најавувана песна наречена „Тајне“, која им е посветена на нејзините сестри а за која истакнува дека е убедливо најинтимната песна што ја отпеала во нејзината 22-годишна кариера.

По примерот на реченицата од филмот „Титаник“ дека срцето на секоја жена е неистражен океан полн со тајни, Беквалац ни кажува во ова видео од Ибица, каде призна дека доживеала некои од најубавите моменти во нејзиниот живот, дека нејзините се подеднакво мрачни колку и сјајни.

Штом првпат јА слушнав „тајне“, знаев дека тоа е моја песна и дека сигурно ќе одбележи дел од мојата кариера, но некое време се плашев да влезам во студио и да ја отпеам бидејќи имав впечаток дека е преголема за мене. Решив да ја снимам токму така, не доволно голема и моќна. Затоа што мојата душа е таква. Им должам огромна благодарност на сите кои ми помогнаа да ви ги откријам моите Тајни, бидејќи ништо не би било возможно без луѓе кои несебично ги споделуваат своите таленти со мене. – вели Наташа.

Автори на песната се Милош Рогановиќ и Ателје Траг, а спотот го сработија Душан Петровиќ и Александар Батајиќ, додека за визуелниот идентитет на Наташа во спотот е задолжена нејзината сестра Кристина.

Можеби ќе ве интересира: