Балканленд

Бунт на актерите: Не ја сакаме Северина во театар!

Режисерот Томаж Пандур, кој ја режирал турнејата на Северина сакал да ја ангажира за претставата “Војна и мир”, но актерите во Хрватскиот театар се бунеле. Северина во улогата на претставата “Војна и мир”, требала по четврти пат да застане на даските што живот значат, но поради тоа што цел актерски ансанбл на Хрватскиот народен театар кренал бунт, Севе останала без улога. Актерите изјавиле дека не сакаат Северина да им го зема лебот од уста. Менаџерот на Северина, Томица Петрович, изјавил дека слушнал гласини, но на Северина не и била понудена улогата, па поради тоа, актерите не можат да ја бојкотираат. Но и да се случило тоа, Северина на тоа е навикната, како во излети во актерството, но и во музичката кариера. Северина веќе има актерско искуство со учество во претставите: “Karolina riječka”, “Gospoda Glembajevi” i “Čekajući svog čovika”.

Можеби ќе ве интересира: