Кога заврши натпреварувањето на “Ѕведите на Гранд”, младиот Ненад Османовиќ најави дека веќе нема да стои во место, туку дека своите фанови и публика ќе ги развесели и израдува со нови и нови песни. И конечно ветувањето се оствари.
После промоцијата на првата песна “Свака част” која што се случи неодамна на сцената на Гранд, Османовиќ пред само неколку дена ја промовираше својата најнова песна со наслов “Пробуди се кафано”.
Станува збор за балада во која талентот и емоцијата на младиот Ненад доаѓаат до израз, што публиката веднаш го препознава и позитивно коментира. Нема сомнеж дека неговата менторка Вики Миљковиќ е горда на него, со оглед на тоа дека таа за време на целото натпреварување најмногу веруваше во него.
“Овој дечко ветува”, “Ништо помалку добро не очекувавме од него”, “Право во срце”… се само дел од коментарите и реакциите на новата хит песна.