Балканленд

Нина Бадриќ ја покани Лепа Брена на одмор во Хвар (Фото)

Хрватската музичка поп ѕвезда Нина Бадриќ на својот Инстаграм објави фотографија од Хвар, на која што покажа како изгледа глетката од ресторан кон морето.

„Утро“, напишала пејачката на германски јазик постирајќи ја фотографијата. Летната сцена воодушеви многумина.

„Не е лошо“, „Рај на земјата“, „Прекрасна“, „Рааај“, „Уживајте“, се дел од коментарите. Одговори и познатата фолк дива, Лепа Брена.

„Малку не измачуваш, нели?“, се пошегува пејачката. А на тоа Нина и оддовори: „Те чекаме“.

Инаку, минатата година Лепа Брена и Нина заедно уживаа на летниот одмор на островот Вис, а се чини дека пејачките и оваа година ќе поминат неколку дена заедно.

Можеби ќе ве интересира: