Балканленд

Нина Бадриќ во “Зетра” за денот на вљубените

Веднаш по најавата што неодамна Нина Бадриќ ја даде за медиумите за одржување на голем солистички концерт во Сараево, од нејзиниот тим стигна и дефинитивна потврда – ова музичко случување ќе се одржи на 14-ти фебруари во местото “Зетра”, под името “За луѓето од љубов”, пишуваат медиумите во Сараево. Популарната хрватска пеачка вели дека не е случајно што пред сараевската публика ќе се појави токму на овој ден.

“Има ли поубав ден од овој? Пресреќна сум, бидејќи денот на заљубените ми припаѓа на мене и на моите сараевчани. Можам само да најавам дека концертот ќе биде на високо професионално  ниво и признавам дека сум премногу возбудена”, изјавила Бадриќ.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: