Балканленд

НОВ БИЗНИС: Рада Манојловиќ ќе издава гаражи во центарот на Белград

Пејачката Рада Манојловиќ реши да направи големи промени во животот. Иако со години работеше напорно и заработуваше големи приходи, пејачката сепак е кираџија. Прво решила да го смени менаџерот, па на таа функција ја назначила својата сестра Маја. Нејзиниот план е да го реши станбеното прашање, а попатно инвестирала и во гаражни простории кои ќе ги издава и од нив ќе заработува.

Рада и Маја решија паметно да ги вложат парите од настапите. Се што заработиле од Нова година до сега, инвестирале во гаражни простории. До оваа идеја дошле на убедување на пријател кој веќе има 20 паркинг места и заработува многу пари. Колегите на Рада најмногу купуваат станови, таа планира да го направи истото, но сега приоритет и се гаражите. До летото решила да купи уште пет места, исто така во Душановац. Маја ја убедила да не чека и сите пари што ги заработуваат веднаш да ги вложи во гаражи. – вели извор близок до пејачката.

Рада Манојловиќ потврди дека започнала нов бизнис, а како што вели планира да си купи стан.

Не сакам да навлегувам во детали за бизнисот, но сакам паметно да вложувам пари. Татко ми ме воспита да мислам секогаш прво на другите, потоа на себе, а сега го критикувам поради тоа. Што да споделам со другите повеќе од себе?! Работам со години, а моите пари ги трошеа други. Па, дојде време сестрите Манојловиќ да инвестираат во иднината. Планирам и недвижен имот, но не во Белград. Порано не знаев како да се снајдам со пари бидејќи плаќав до 30.000 евра за само еден спот. Ама добро, не се жалам, некогаш тие инвестиции би се исплателе, некогаш не. Не можеш да победиш ако не ризикуваш, но сега правам се многу попаметно!- рече пејачката и откри дека и таа ќе купи стан.

Можеби ќе ве интересира: