Балканленд

Нова ѕвезда на Гранд продукција е младиот босанец Харис Берковиќ

Вчера вечер во преполнетата спортска арена “Борис Трајковски” се оддржа долго најавуваното и очекувано финале на познатата тв емисија “Ѕвездите на Гранд”. Во ова музичко натпреварување, тв шоу за наша среќа во супер финалето свое учество земаа и двајца познати македонци, музичари Ален Хасановиќ и Филип Божиновски.

За жал ниту еден од нашите натпреварувачи не доби ниту една награда, освен снимање на песна како што и најави продуцентот и еден од сопствениците на Гранд продукција Саша Поповиќ, а всушност таква награда добиваат и сите останати финалисти.

Како што самите водители велат, битни биле гласовите на публиката која што речиси за цело времетраење на финалето можеше да гласа преку смс на одреден број за одреден омилен натпреварувач. Првото место кое што всушност ја носи титулата за Ѕвезда на Гранд продукција за 2015-та година, добива стан во Белград и комплетно снимање на албум, а истата му припадна на младиот Харис Берковиќ кој што доаѓа од Босна и Херцеговина. Второто место според гласовите на публиката, му беше доделено на Семир Јахиќ кој добива автомобил Шкода кој исто така потекнува и живее во Босна и Херцеговина, додека пак третото и четвртото место на кое што се најдоа нашите двајца македонски претставници не добија ниту една дополнителна награда.

Zvezdite na GrandЗа време на големото музичко натпреварување, на сцената се појавија Лепа Брена и Ана Бекута кои што отпеаа дел од своите песни, а мегу другото Брена промовираше и нова песна за која што допрва ќе се зборува и пишува.

Иако можеби очекувавме наш македонски претставник да ја земе титулата за најдобар и да победи во ова големо и едно од најгледаните балкански тв шоу-а, сепак тоа не се случи. Дали следната година ќе бидеме дел од ова шоу со наш претставник тоа не знаеме, но едно е важно, а тоа е дека нашите Ален и Филип ги познава цел Балкан, доволно за да стартуваат балканска кариера.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: