Балканленд

Објавено новото име под кое ќе настапуваат „Прљаво казалиште“

Јасенко Хоура и Младен Бодалец повеќе нема да настапуваат како „Прљаво казалиште“, отсега нивниот бенд ќе се вика „Хоура Група“.

Ова беше откриено во најавата за фестивалот „Фјужн“ во Сплит, каде што требаше да настапат како „Прљаво казалиште“. Сепак, на официјалната веб-страница на фестивалот групата е најавена како „Хоура Група“. Во соопштението се споменува биографијата на „Прљаво казалиште“, но бендот е најавен како „Хоура Група“.

Да потсетиме, проблемите наводно настанале кога Хоура почнал да работи на независни проекти под името на бендот, не почитувајќи ги правата на Тихомир Филеш, поради што случајот стигнал до судот.

Стопанскиот суд во Загреб донесе времена мерка со која Јасенко Хоура и Младен Бодалец повеќе не можат да настапуваат под името „Прљаво казалиште“, „Прљавци“ или други слични имиња, но и според која се принудени да ги откажат сите договорени активности под заштитени имиња.

Можеби ќе ве интересира: