Балканленд

Рада Манојловиќ: Од некои песни народот би требало да изврши самоубиство

Добро познато е дека познатата српска фолк пејачка Рада Манојловиќ е искрена и нема влакна на јазикот. Таа неодамна пееше песна за алкохолизмот, а српските медиуми љубопитни, ја прашаа познатата пејачка што мисли за ваквите и слични песни, односно, текстови кои ги пејат нејзините колешки или пак колеги од естрадата, а таа на ова им одговори:

“Кога бирам песни, не размислувам за тоа дали текстот може погрешно да се сфати, тоа е само песна. Доколку се присетиме што се е отпеано досега… тогаш половина народ би требало да изврши самоубиство и да падне во депресија”, изјави фолк пејачката и во продолжение додава:

“Веднаш да си кажам, сите песни кои ги пеам немаат врска со мене. Не се автобиографски. Но ако песната ми се допаѓа мене, тогаш мислам дека ќе и се допадне и на публиката”, изјави Рада Манојловиќ за српските медиуми.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: