Балканленд

Од пролет 2015-та нова сезона на “ВИП Велики брат”

Популарната хрватска пејачка Севирина ќе биде само една од многуте музички и јавни личности што ќе се појават во новата “ВИП Велики брат”сезона која се најавува за напролет. Како што пишуваат српските медиуми, со познатата Севе преговара првиот човек на продукцијата “Emoction” Горан Стаменковиќ кој за нејзиното појавување кое според информациите би требало да трае само 48 часа треба да и исплати 20.000 илјади евра.

Освен тоа, пејачката си има свои услови, да не биде снимана и емитувана на програмата и во емисиите доколку не е средена односно нашминкана. Дали ќе се договорат, тоа останува да видиме.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: