Балканленд

Одбив да се вратам на натпреварувањето, благодарам Марија: Дисквалификуваната Вања Кнежевиќ откри нови ДЕТАЛИ

Осумнаесетгодишната Вања Кнежевиќ беше дисквалификувана од понатамошното натпреварување на музичкото шоу „Sвездите на Гранд“, што предизвика многу прашина и лавина на реакции. Младата пејачка повторно се огласи преку стори на Инстаграм и претстави нови детали за скандалот што деновиве го тресе балканот.

Во оваа прилика, таа ги потврди зборовите на Марија Шерифовиќ, која и беше ментор на натпреварот, дека имало преговори за враќање во натпреварот, но дека по се што се случило, таа одбила.

“Имаше дури и преговори во продукцијата за да ме вратат во натпреварувањето, но секако ги одбив сите потенцијални шанси за тоа. Никој не може да ме дисквалификува еден час, а потоа да ме врати во натпреварот. Кој е тогаш виновен, а кој е во право? Тие јасно ставија до знаење што мислат за мене, изјавувајќи дека наводно повикувам на насилство. Сакам од се срце да и се заблагодарам на Марија за нејзината искреност. И посакувам уште поуспешна кариера и сета среќа во животот“, меѓудругото, напиша Вања и продолжи:

„Знам која сум и нема потреба никому да го објаснувам. Вистината секогаш излегува каква и да е. Луѓето гледаат сè, ништо не може да се маскира. Благодарност до прекрасните луѓе кои ме поддржуваат и ми го даваат ветерот во грбот во сето ова. Ова ќе помине, па ќе пееме заедно и ќе уживаме во музиката што едвај чекам“, додаде Кнежевиќ.

Подготви: Редакција Музика24

Музика24 – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Можеби ќе ве интересира: