Балканленд

Одкако ја освои Америка со своите уникатни дизајни, младиот охриѓанец најавува музички албум на англиски јазик!

Еден од најуспешните млади македонски дизајнери, охриѓанецот Огнен Трпески кои живее, дипломираше и работи во Америка ја сними својата прва англиска песна која го носи насловот “Bring it down”. За музиката и аранжманот се погрижи Даниел Јовески (Sustain Entertainment), а текстот го напиша Огнен Неделковски. Младиот Огнен Трпески на музичко поле зад себе има македонски албум кој го носи насловот “Фантом”, а на него, се наоѓа и песната “Магичен Круг” која е снимена во дует со Андреј ДНК. Како дизајнер, победи на неколку големи избори во Америка, меѓу кои и “Националниот избор за дизајн за светската кампања против глад” кој му донесе голема слава и зголемена побарувачка за неговите уникатни дизајни.

Подготви: Ивана Поповска

Можеби ќе ве интересира: