На познатиот хрватски музичар, продуцент, композитор и пејач Тони Цетински, оваа година по се изгледа му е една од најубавите досега. Освен што го прославува јубилејот од 25 години постоење на музичката сцена, тој неодамна дозна дека ќе стане татко по трет пат, вест која што секој би го израдувала. Тој третото дете го очекува со својата сопруга Дубравка со која што се венчаа минатата година по само неколку месечна врска.
Претходно Цетински беше во 4 годишен брак со неговата менаџерка Ивана Нобило, со која ја доби ќерката Пиа за која што и не сака многу да зборува во јавноста. А освен овие две деца, познатиот пејач има и 17 годишен син кој го доби со маникенката Антонела Бутиган.
Подготви: Редакција Музика24