Балканленд

Освен Тијана, на евровизиската сцена ќе се појават и други музичари

Како поминува времето и се ближи денот кога Македонија ќе биде дел од евровизиската сцена, така се повеќе и повеќе некои нешта ни стануваат појасни. Шефицата на македонската евровизиска делегација Мери Попова, откри дека освен Тијана, на евровизиската сцена ќе се појават и нејзината сестра Тамара, познатиот поп пејач Димитар Андоновски како и Никола Перевски – Пере од групата “Нокаут”. Тамара и Пере досега зад себе имаат евровизиско искуство, Тамара како пратечки вокал на Eurosong 2004-та кога наш претставник беше македонската ѕвезда Тоше Проески, и како директен учесник во 2008-та кога на сцената се појави заедно со Раде Врчаковски – Врчак во Белград, а Пере како ко-автор и придружен вокал на Eurosong 2002-ра, кога наш претставник беше познатата поп пејачка Каролина Гочева.

Нашата претставнича оваа година, Тијана Дапчевиќ на евровизиската сцена ќе ја изведе “To the sky”, чии комплетен автор е Дарко Димитров.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: