Балканленд

Отиде Рада Манојловиќ во водителството

Фолк пејачката Манојловиќ покрај добрата музика ќе води опуштени разговори со колегите од естрадата и притоа ќе ги забавува гледачите покрај малите екрани. На новата Гранд телевизија како ударен термин ќе биде и првата музичка емисија “Рада шоу”, концептот е многу повеќе од едноставен само добра забава проследено со добра музика. Интерсно е што покрај сето тоа ќе има и мал дел каде ќе се види какви дискусии водат позади камерите и интересните моменти од самото снимање.

“Снимањето веќе започна, фолк пејачката одлично го сработи без проблем, иако конците ги држи во свои раце, сепак гледа да е пристојна и угледна”, изјави близок пријател на Рада Манојловиќ. Нормално нема сомневање дека шоуто ќе има најголем рејтинг со оглед на фактот дека Рада е една од трите топ звезди кој ја следат непрестано нејзините фанови.

Она што ќе биде ново е што целосно се менува програмската шема а со тоа и водителките нормално задолжен за целата реализација ќе биде главниот шеф Саша Поповиќ кој веќе долги години има искуство во овој домен, па ќе нема проблем да даде некој совет сугестија во кој правец да се движи Рада за што поголем успех на нејзината емисија која ветува многу што да се види.

Александар Петковски

Можеби ќе ве интересира: