Балканленд

Ова е „21 век“ : Бајага и Инструктори во рап стил

„Бајага и Инструктори“ приредија прилично изненадување за фановите објавувајќи го синглот „21 век“ со lyrics видео на YouTube. Ова е нивна прва нумера по албумот „Овaј свет се мења“ (2020), а тематски, на некој начин, се потпира на насловната песна од тоа издание, бидејќи говори за работи кои ја потресоа планетата последниве години.

Звучи, сепак на малку поинаков начин, во рап стил. Но, оние кои внимателно ја следат кариерата на Момчило Бајагиќ знаат дека одвреме-навреме ваквиот израз не му е туѓ. Бајага самостојно го потпиша текстот, музиката ја компонираше со клавијатуристот Саша Локнер, а за аранжманот се задолжени Локнер и гитаристот на групата Марко Њезиќ.

Песна „21. век“ е одраз на ова време во кое живееме, и резиме на сето ова што ни се случува во изминатите две, три години. Во минатиот век имавме многу успешна песна „20. век“, а во овој век работите малку се сменија, па имав потреба да напишам песна „21. век“. Она што досега го доживеавме во него не беше убаво како во дваесетиот, па песната е малку помрачна, во склад со мрачната реалност. – истакна бајага.

Можеби ќе ве интересира: