Балканленд

Пинковата ѕвездичка порасна: Влегува во трка да ја претставува Хрватска на Евровизија (Фото)

Миленикот на публиката ширум регион и победник на втората сезона на „Пинкове ѕвездице“, Марко Бошњак после 6 години од финалето на познатото музичко шоу, ќе настапи на фестивалот „Дора“. Тој неодамна наполни 18 години и на 19-ти февруари со песната „Моли за нас“ ќе се натпреварува на хрватскиот избор за евровизиски претставник.

“Прв пат се Пријавив на „Дора“ и влегов во потесниот избор. Многу сум среќен и благодарен. Сеуште ми е малку нереалистично но чувството е преубаво. Драго ми е што можам да бидам дел од оваа приказна”, Вели марко.

Освен Бошњак уште 13 други артисти ќе учествуваат на овогодинешниот фестивалски избор за евровизиски претставник на Хрватска. Меѓу учесниците нема многу етаблирани музички имиња, туку повеќето се млади и надежни артисти. Со исклучок на џез и рок дивата Зденка Ковачичек и актерката Мила Елеговиќ. Покрај нив на сцената во Опатија ќе се најдат: Jessa, Миа Неговетиќ, Тина Вуков, Миа Димшиќ, Тиа, Елла Орешковиќ, Елис Ловриќ, Ерик и ТоМа.

Публиката ги памети емотивните настапи на тогаш 11-годишниот Марко со „Што те нема “, „One night only“, „Не куни ме, не ружи ме мајко“ итн. Тој во 2016-та година исто така сними песна на македонски јазик, „Ние децата“.

Можеби ќе ве интересира: