Балканленд

Хари Мата Хари на “Пивофест” по тренерки (Фото)

Вчера вечер на балкански познатиот, а сепак наш, “Пивофест” меѓу другите музички ѕвезди настапи и балкански познатиот Хари Мата Хари кој што долго време беше најавуван и очекуван како од прилепската, така и од македонската публика.

Секоја чест за организаторите и начинот на работа кој што како и секоја година, и оваа, професионално си ја извршуваат својата задача, но пред се срамно е за една голема музичка ѕвезда од ваков ранг, кој што надалеку е познат и веќе докажан да одбива интервју од музички портал како што е Музика24 со глупи изговори, а посрамно е неговото појавување на вака голем музички настан како што е “Пивофест” во обични тегет тренерки и дуксерче кое што прво беше нагрнато, а потоа го врза околу половината.

Hari Mata Hari

Атмосферата беше на највисоко можно ниво со веќе познатите негови добро познати хитови, како и промоција на неколку нови песни на кој што публиката одлично изреагира. Тој на својот настап имаше дует и со познатата пинкова ѕвездичка Антониа Гиговска која што веднаш потоа ја отпеа песната “Врати ми го сонцето” од Александра Јаневска.

Hari Mata Hari_AntoniaНа денешниот прес на кој што беше дел и самиот Хари тој истакна дека одамна не бил дел од ваков голем спектакал и дека се надева и верува дека повторно ќе биде дел од ваков голем музички настан во Македонија.

“Пивофест” продолжува со балкански мега популарните Миле Кузмановски, Рада Манојловиќ и Аца Лукас кој веруваме и секако не се сомневаме дека ќе направат вистински огромен музички спектакал.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: