Балканленд

“Пивофест” заврши, а го посетиле рекордни 400 илјади гости

Над 100.000 илјади посетители само последната четврта вечер или приближно 400.000 илјади за четирите фестивалски вечери уживале во Прилеп, во богатата музичка забава, залиена со ладно пиво и вкусна скара. А, концертот на мега популарниот Дино Мерлин велат организаторите, бил спектакуларен.

“Навистина беа прекрасна публика сите четири дена, ама ова што се случи последниот ден, навистина ги надмаши нашите очекувања”, изјави Жаре Димитровски, водител на овогодинешното 13-то издание на “Пивофест”.

“Дел од настапот на Дино Мерлин го проследивме од бекстејџот, меѓутоа останатиот дел бевме на штандовите присутни и во публиката, и можам само едно да кажам, немаше каде да падне игла”, отценува Талија Петреска, од Центарот за граѓански иницијативи од Прилеп.

Pivofest_posleden pressДоправа ќе се сумираат и објават точните бројки, колку литри пиво беа испиени и послужени на штандовите на двете македонски пиварници, и угостителите од Македонија и соседна Србија коишто служеа вкусна скара. Но, се тврди дека овој фестивал на пиво и скара ги надмина сите досегашни рекорди.

Dino Merlin_Pivofest2015“Економскиот бенефит мислам дека сите овие четири дена го осетија сите, не само во Прилеп, туку и во Крушево и Битола и целиот регион. И целта секако на овие фестивали е да има финансиски средства, за градот и чаршијата, тоа “Пивофест” го оствари и годинава”, изјави градоначалникот Марјан Ристески. Организаторите, локалната самоуправа во соработка со невладиниот Центар за граѓански инцијатици најавуваат дека в година можеби и ќе се размислува за промена на локацијата и вклучување на странски туристички агенции, со цел уште поголема посетеност на оваа манифестација.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: