Балканленд

Бајага се разведе по 33 години брак

Еден од најголемите кантавтори на овие простори, Момчило Бајагиќ – Бајага, со години го држеше својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, но никогаш не криеше дека, меѓу другото, за неговата блескава кариера е заслужна неговата сопруга Емилија.

Бајага и Емилија последен пат беа видени заедно во јавноста во 2019 година. Имено, како што наведува „Објектив“, пејачот се развел од својата поубава половина по 33 години брак. Тие се венчаа во 1989 година, а претходно живееја заедно седум години. Една година по венчавката го добија синот Марко, а осум години подоцна ќерката Анџела.

Според српските медиуми, Бајага пред година и пол се развел од сопругата Емилија, а за тоа не зборувал за медиумите.

Фото: Дамир Дервишагиќ

Можеби ќе ве интересира: