Балканленд

По пауза од три години балкански познатиот Жељко Јоксимовиќ објавува нова песна (Видео)

Омилениот поп пејач од регионот Жељко Јоксимовиќ конечно ја завршува својата музичка пауза. Како што најави на својот Инстаграм профил, во недела вечер ќе пристигне новата песна со наслов „1000 жени“, која ветува дека ќе биде уште една во низата големи хитови на Жељко.

Верните фанови и публиката се надеваат дека ова е првиот сингл од долгоочекуваниот албум кој музичарот би можел да го објави во текот на следната година. Како што сме навикнати, секоја песна на Жељко секогаш е придружена со спотови од највисоко естетско и продукциско ниво, па не се сомневаме дека талентираниот музичар овојпат ќе подготви вистински новогодишен подарок за својата верна публика.

Последниот сингл „Можеби е љубов“ го издаде Жељко Јоксимовиќ во 2019 година. Иако не објавува постојано, вели дека секојдневно компонира и пишува песни, но и применета музика која ги одбележа најголемите проекти на српската кинематографија. Најгледаниот домашен филм „Тома“, на кој Јоксимовиќ е и продуцент, го одбележаа новите аранжмани на легендарните хитови на Тома Здравковиќ, како и хитот „Полноќ“ кој Жељко специјално го компонираше за овој филм.

Можеби ќе ве интересира: