Балканленд

По трет пат, Австралија на Изборот на песна на Евровизија (Видео)

Една од најновите земји учеснички на популарниот европски фестивал, Австралија деновиве ја претстави песната со која што ќе се натпреварува на годинешното, 62-то по ред издание на Евровизија. Станува збор за темата насловена “Don’t come easy”, која ја изведува минатогодишниот победник на австралискиот “X Factor”, Ајзеја Фајрбрејс.

Младиот пејач е трет евровизиски претставник на Австралија, која во изминатите две години постигна голем успех на фестивалот. Имено, целата приказна започна во 2015-та година, кога по повод 60-от роденден на фестивалот, Австралија доби покана за еднократно учество, а тогашниот претставник, Гај Себастијан, го освои високото 5-то место. Поради големиот интерес на австралиската публика, Европската радиодифузна унија одлучи земјата да биде редовен учесник на фестивалот и веќе следната година, пејачката Дами Им ја освои вицешампионската титула. Токму затоа, многумина веќе се прашуваат дали годинава ќе биде трета среќа за Австралија? “Don’t come easy” е одлична и моќна балада, а дали има потенцијал за победа дознајте во продолжение. Уживајте!

Подготви: Андреја Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: