Балканленд

“Кој да ти каже ивана” замина во легендите

Денес на 66 годишна возраст почина големата балканска легенда Кемал Монтено кој остави зад себе голем број на хитови како и познатата безвременска композиција “Кој да ти каже Ивана”. Како што пренесуваат српските медиуми, имал тешка борба со својата болест така што на 21-ви декември му била извршена трансплатација на бубрегот при што не издржал долг период каде што повторно во критична состојба бил примен во болница. Она по што ние ќе го паметиме е неговиот извонреден вокал во придружба на гитарата и огромниот број на соработки со познати изведувачи од целиот балкан.

“Многу тешко ја примивме веста за неговата прерана смрт, но животот оди понатаму”, изјави еден од блиските на Кемал Монтено, каде и голем број на фанови и колеги изразија сочуство кон неговата фамилија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: