Балканленд

Погледнете: Спотот за евровизиската “Autumn Leaves” (Лисја есенски)

Како што веќе Ве информиравме, денес во Македонската Радио Телевизија во студиото М1 се промовираше англиската верзија на официјалната евровизиска песна “Autumn Leaves” со којашто Даниел Кајмакоски ќе ја претстави Македонија на 60-тото јубилејно издание на Изборот за песна на Евровизија во Виена, Австрија.

Автор на музиката и текстот на „Autumn Leaves“ е шведскиот композитор Јоаким Персон, а за аранжманот и продукцијата се погрижи македонскиот музички продуцент Роберт Билбилов. Пред претставниците на медиумите беше промовиран и видео запис, преку кој Даниел Кајмакоски на интересен начин ја раскажува приказната на песната.

Анимираните цртежи во спотот, којшто го изработи Storyteller продукција, претставуваат фрагменти од животот на Даниел Кајмакоски поврзани со неговото детство, првата љубов и местото кадешто е роден.

Видео записот нема класичен крај, но затоа Даниел Кајмакоски ги повикува своите фанови да ги испраќаат нивните визии и да ја довршат започнатата приказна.

Во продолжение, по промоцијата на Македонската Телевизија во Дневникот 1 во 17 часот, погледнете го видео спотот и на музичкиот портал Музика24.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: