Балканленд

Погледнете како изгледала Ана Николиќ на првиот тв настап (Видео)

Таа изгледа совршено, понекогаш секси, понекогаш отмено, дамски. Ана Николиќ е позната српска поп пејачка која пред да стане она што е денес и пред да ја добие сета таа популарност, пред многу години настапувала на познати српски сплавови, од каде и најверојатно некој го видел нејзиниот талент и и дал шанса да се појави на малите екрани.

Ana Nikolic_prv tv nastapНејзиниот прв телевизиски настап е на третиот канал на националната српска телевизија каде што во живо ја пее песната “Колачичи” од Марина Перазиќ. Оваа снимка е од 1998-та година кога Николиќ имала само 20 години. Во продолжение, ви предлагаме да го погледнете нејзиниот прв тв настап и секако сами да направите споредба од онаа Ана Николиќ тогаш и Ана Николиќ денес.

https://www.youtube.com/watch?v=-yTHbgYl9Dc

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: