Балканленд

Погледнете како некогаш изгледаше денес многу познатиот турски пејач Таркан (Фото)

Сигурно многумина од вас се сеќаваат, а можеби и сеуште се фанови на сега мега популарниот турски пејач Таркан. Дел од неговите песни станаа вистински светски хитови. Во почетокот на 90-те години тој ја уживаше најголемата слава, тогаш речиси цел балкан, а и светот слушна и дозна за Таркан Теветоул кој денес на 40 години сеуште е популарен пред се во својата земја, а потоа и надвор од неа.

Веројатно се прашувате како Таркан изгледал некогаш, како се облекувал или пак каква фризура носел на почетоците. Музика24 само за миг ќе ви ги долови неговите почетоци преку неколку фотографии и една од неговите најпознати и најслушани песни “Sıkıdım”, песна која досега е десетина пати препејувана и преработувана од мноштво музички познати имиња низ светот.

Tarkan_nekogas i sega Tarkan_nekogas i sega Tarkan_nekogas i sega

Денес познатиот пејач освен што е сеуште музички активен и снима песни и видео спотови, тој е активно посветен и на својата продуцентска куќа.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: