Балканленд

Погледнете: Познатата бугарска пејачка Ивана предизвика еуфорија во Скопје (Фото)

Ивана ќе го запамети доаѓањето на 2017-та година со тоа што успеа да ја пречека Новата година два пати. Еднаш на 1-ви јануари во Бугарија и по втор пат на 13-ти јануари во нашата земја. Токму тоа беше и причината Ивана и нејзиниот бенд да гостуваат во Скопје и со нивните песни да донесат многу радост и празнично расположение на сите гости. Во главниот град на нашата држава, пејачката беше поздравена како вистинска голема балканска ѕвезда со многу почит и љубов.

“Од секогаш сум знаела дека македонците носат едно срце со нас, бугарите, но сега се уверив во тоа. Песните кои ги пејам во Бугарија, се истите кои ги пеев и во Скопје. Вистинско изненадување беше за мене дека првиот музички поздрав беше со песната “От извора”, што говори дека мелодијата е блиска до нивните души и ги возбудува исто како и нас “, сподели Ивана за нашиот портал.

Пејачката на својата публика и откри дека веќе работи на нови песни кои ќе бидат претставени наскоро, но дека сонува за еден егзотичен одмор на топло, до некоја далечна дестинација во друштво на најблиските.

Подготви: Наташа Секуловска/Estrada World

Можеби ќе ве интересира: