Балканленд

Пола естрада сака да купи затворски хит од Зоран Марјановиќ

Започна бизарна трка меѓу пејачи и пејачки кoj ќе ја купи првата песна што Зоран Марјановиќ, композиторот и аранжер неправосилно осудени на 40 години затвор за убиството на неговата сопруга Јелена, ќе ја напише зад затворските ѕидови.

Семејството на уапсениот композитор, кој неодамна почна да се „враќа во форма“, го контактирале неколку познати имиња од естрадата со ова, за многумина, бизарно барање.

Многумина веќе се обидуваат да ја обезбедат оваа ексклузива. Затоа го контактираат неговиот брат Милош, но и неговата девојка Зорица. Тие тврдат дека се подготвени да платат се што е потребно само за да ја добијат првата песна што ја прави Зоран.

Луѓе запознаени со овие барања на пејачите велат дека тие знаат дека сето тоа е чудно, но се свесни и за публицитетот што би го добиле доколку го отпеат тој прв „затворски“ хит. А најчудно е што не се плашат од реакција на јавноста. Веројатно се водат од тоа дека не постои нешто како лош публицитет. Тие не сакаат ни да навлегуваат во прашањето дали Зоран е виновен за убиството на нивната колешка, туку единствено им е важен просторот во медиумите што би го добиле на ваков начин.

Зоран, познат како ноќна птица и човек кој најчесто создава музика во текот на ноќта, сè уште нема соодветен инструмент на кој би можел да почне да компонира, но, секако, доколку реши да се занимава со ваков тип на креативна работа за време на престојот зад решетки, тоа може да се промени со посебно одобрение.

Можеби ќе ве интересира: