После првата фестивалска вечер кога на сцената се појавија: Crossroad Blues Band, Raphael, одличните и динамични Тропико Бенд и светки познатите и незаборавни Fly Project, вечерва Прилеп повторно живее. Ако минатата вечер Прилеп ги надмина своите сместувачи капацитети и се бараше место повеќе, вечерва, а и во текот на наредните два фестивалски дена Прилеп ќе биде преполн од млади луѓе и граѓани кои сакаат и знаат да препознаат каде се случува и одржува најголемата македонска пиво забава.
Денес на вториот официјалален прес на кој што освен водителите Жаре и Маријана присуствуваше и нашата Каролина Гочева која вечерва настапува и која што беше видно пречекана и Градоначалникот на град Прилеп Г-нот Марјан Ристески, имаше и мало , но сепак слатко и симболично изненадување за нашите колеги од порталот Популарно.мк кој што по повод четири години од своето постоење од страна на општината добија скромен подарок разбана слика со препознатливиот прилепски саат кула кој што како што велат прилепчани постар е и од Биг Бен од Лондон. и преубава торта со логото на порталот.
Вечерва повторно забава до раните утрински часови и тоа на сцената вечерва ќе се појават: Самостални референти, Каролина Гочева, Хари Мата Хари и Bang La Decks. Не заборавајте, еден е фестивалот, Пивофест се случува во Прилеп.
Подготви: Иван Јосимовски