Балканленд

Помина уште една фестивалска пиво вечер (Фото)

Помина уште една одлична вечер од четиринаесетото издание на “Пивофест”, а истата донесе многу испиено пиво, одлично подготвена и изедена прилепска скара како и голем број на посетители како од околните градови од регионот и државата, така и од Балканот.

Вечерта започна со заразниот ритам на “Самостални референти”, а потоа и долго очекуваниот настап на Каролина на фестивалот конечно се случи. Македонското девојче за првпат настапи на големата сцена во Прилеп и ги оправда сите очекувања на публиката. Песните се пееја во еден глас, а Каролина постојано беше блиску до нејзините обожаватели.

Karolina GocevaВистинскиот бум вчера вечер, сепак, го постигнаа гостите од Грција. За време на настапот на “Банг ла декс” публиката збесна. Се соблекуваа водените маици, се скокаше, се лудуваше до раните утрински часови.

“Она што е најдобро е што дождот всушност ги остави оние кои навистина сакаат да се журкаат, а тие за изненадување беа навистина многу”, рече водителот Жаре на утринската прес-конференција.

Денеска пак, во текот на денот со оглед дека е викенд, се очекува најголемата гужва. На сцената ќе настапуваат балканските ѕвезди Аца Лукас и Рада Манојловиќ, но забавата ќе започне со еден од омилените македонски фолк-пејачи.

Rada Manojlovic“Нормално дека сме возбудени за настапите на Аца и на Рада, но јас со нетрпение го очекувам настапот на Миле Кузмановски, кој ми е омилен пејач”, призна градоначалникот Г-нот Марјан Ристески.

Tој додаде дека е многу среќен што времето не ги исплаши гостите, бидејќи нема простор за грижа. Службите на градот, како Јавното комунално претпријатие, Водовод и канализација и Паркинзи, се подготвени да ја санираат било која временска непогода.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: